КОСОВСКИ лидери, а пасошот СРПСКИ: Тачи, Весели и Курти само дел од политичарите со српско државјанство

Поголем број од албанските политичари од Косово и понатаму имаат српско државјанство. Како што неофицијално дознава Блиц.рс, српски пасош имаат Хашим Тачи, Албин Курти, Кадри Весели, Вљоса Османи.

Оваа тема на седницата на Советот за безбедност на ОН ја отвори министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ. Српскиот шеф на дипломатија при таа прилика ја посочи амбасадорката на Косово во САД, Вљора Читаку заради тоа што никогаш не барала отпуст од српското државјанство.

– Госпоѓата Читаку и понатаму е државјанка на Србија, рекол Дачиќ на седницата на ОН за Косово, покажувајќи фотокопија од изводот од матичната книга на родените на дипломатската претставничка на Приштина во Њујорк.

А потоа тој извлече уште еден документ.

– Кога веќе сме кај тие документи, Вљора Читаку е запишана во матичната книга за родените за подрачјето Приштина под број 6194 за 1980 година. Госпоѓата Читаку можела да бара отпуст за државјанството, но таа не го направила тоа. Можеби таа сега ќе рече дека тоа за неа е небитно, но бидејќи тука е претставникот на Германија, нека го објасни тоа на него, бидејќи Германија бара од секој Албанец од Косово потврда за отпуст на српското државјанство. Како кога треба да добиете работа, да ги остварите своите права или Србија да ви ги враќа кредитите, вие сте државјани на Србија, а се залагате за својата држава Косово? – кажал Дачиќ, чиј говор медиумите од Приштина го нарекле „спектакл“.

Како што дознава Блиц.рс, Виљора Читаку не е единствена албанска политичарка од Косово која не се откажала од српскиот пашос, иако не се смета за државјанка на Србија. Отпуст не барале и други заговорници за независно Косово, главните кандидати за премиер во идната косовска влада – Вјоса Османи и Албин Курти, како ни претседателот на Косово, Хашим Тачи, а и претседателот на косовскиот парламент Кадри Весели.

Изворот на Блиц.рс од министерството за надворешни работи вели дека ситуацијата е конфузна и не постои причина зошто Албанците не се одрекуваат од српското државјанство.

– Србите во Косово го вадат пасошот во Координациската управа на Косово и Метохија и со тој пасош без виза, не можат да патуваат во земјите на ЕУ. Од друга страна, доколку Албанец во нашата амбасада во Словенија, на пример, извади српски документи, на него виза за патување во земјите на ЕУ не му е потребна – вели соговорникот на Блиц.рс и вели дека можеби тоа е причината зошто Албанците ги задржуваат српските документи.

Ивица Дачиќ на седницата на Советот за безбедност збореше и за лажните обвиненија на косовските политичари, дека на Албанците во Србија им е забрането да зборат албански јазик.

– Госпоѓата Вљора Читаку лажеше дека Албанците во Србија немале право на употреба на албански јазик. Како потврда на таа лага, ќе ви покажам како изгледаше документот кој го вадеа српските власти во 1990 година. Тогаш Виљора Читаку имала 10 години. Ќе ви покажам изводот од матичната книга на родени кој е издаден во Косово. Дури и на Србите во Косово и Метохија им биле издавани двојазични документи и тоа прво на албански, па потоа на српски јазик – кажал Дачиќ покажувајќи го изводот од матичната книга на Вљора Читаку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот