Косовската Влада во зимски центар на Шара ќе расправа за владината програма

Ниеден од членовите на владата не прифати да зборува за медиумите, но претходно вицепремиерот Хоти преку својот Фејсбук информира дека на Шара ќе се расправа за програмата за работа на владината коалиција.

Владата на Косово се собира денеска во планинскиот центар Превала на Шар Планина, на работен состанок на кој ќе ја хармонизира сопствената програма, јави дописникот на МИА од Приштина.

Ова е прва седница од ваков вид на кабинетот на Албин Курти.

Во Превала, во близина на зимскиот центар Брезовица, утрово се видени како пристигнуваат Курти, вицепремиерите Авдулах Хоти и Хаки Абази, како и неколку други министри.

Ниеден од членовите на владата не прифати да зборува за медиумите, но претходно вицепремиерот Хоти преку својот Фејсбук информира дека на Шара ќе се расправа за програмата за работа на владината коалиција.

– Денеска на работна средба на Шара со целиот владин кабинет, на расправа за Програмата на владата 2020-2023. Во оваа програма целосно се одразува коалицискиот договор, каде што се специфицирани мерките кои ќе ги преземеме за зголемување на вработеноста, за сеопфатна социјална грижа, за квалитетно образование и здравство, ред и закон за сите, поддршка за земјоделството, силна дипломатија, грижа за нашето иселеништво и други прашања, напиша Хоти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот