Косовската Влада вечерва воведе вонредни мерки поради коронавирусот

Фото: МИА

Косовската Влада вечерва усвои сет мерки како превентива против ширењето на коронавирусот, а една од првите мерки е прекин на наставата во основните училишта, претшколските установи, градинките и универзитетите од 12 до 27 март.

Веста ја соопшти косовската министерка за образование Хикмета Бајрами која додаде дека одлуката мора да се применува на територијата на цела држава и во средините, односно деловите од Косово, во кои наставата се посетува според системот за образование на Репубоика Србија , пренесе Косоов онлајн.

Сајтот наведува дека ќе се воведе и медицинска и полициска контрола врз сите граѓани кои доаѓаат од зона на епидемија и тие веднаш ќе бидат испраќани во карантин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот