Косовската влада усвои Одлука против антисемитизмот

Косовската Влада на денешната седница усвои документ насловен Одлука против антисемитизмот, со кој, според предлагачот, министерката за надворешни работи Мелиза Харадинај-Стубла, „Косово влезе во редот на сојузниците и стратешките партнери во борбата против јазикот на омраза кон Евреите”, јави дописникот на МИА од Приштина.

Напоменувајќи дека народот на Косово, како жртва на етничкото чистење, „многу добро ја познава тежината на дискриминацијата”, Харадинај-Стубла изјави дека етничката омраза го предизвика и Холокаустот, „кој денес е една од најтажните и најсрамните спомени на човештвото”.

Косово, кое и самото беше жртва на монструозните идеи за етничко чистење и ништење на идентитетот, многу добро ја познава тежината на дискриминацијата. (…) Денешното усвојување на Одлуката на Владата ги афирмира заложбите за промоција и јакнење на сеќавањето на Холокаустот и на борбата против антисемитизмот во сите негови облици. Оваа одлука е во склад со сите демократски држави кои не го признаваат јазикот на омраза, изјави Шефицата на косовската дипломатија.

На предлог на Харадинај-Стубла на денешната владина седница беше усвоена и предлог-одлука за формирање Меѓуинституционална работна група за унапредување на процесот на интеграција на Република Косово во НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот