Косовската Влада со пакет економски мерки ќе ги помогне фирмите кои трпат штети од епидемијата

Преземените мерки за заштита од коронавирусот предизвикале застој во производството и има пад на економската активност во три категории – кај граѓаните, бизнис-заедницата и буџетот на државата.

Вршителот на должноста министер за финансии на Косово Бесник Бислими ѝ предложи на владата пакет итни фискални мерки, за поддршка на претпријатијата кои трпат штети од епидемијата на вирусот Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

Бислими на денешната прес-конференција најави дека ќе се покријат трошоците на оштетените фирми за плати на вработените, во износ на минималната плата од 170 евра во наредните два месеци и за оваа намена Владата ќе издвои 41 милион евра.

Во истиот период, корисниците на пензии пониски од 100 евра, а кои немаат други приходи, ќе бидат помогнати со по дополнителни 30 евра, а на малите и средните претпријатија ќе им бидат покриени 50 отсто од надоместот за изнајмени деловни простории, информира министерот за финансии.

Тој изјави дека преземените мерки за заштита од коронавирусот предизвикале застој во производството и дека има пад на економската активност во три категории – кај граѓаните, бизнис-заедницата и буџетот на државата.

– Капацитетот е многу ограничен и задолженоста е многу висока поради исплатите. Мерките на Влдата и во економските активности се одразија по автоматизам и на царинските и даночните приходи во висина од 7,5 до 12,5 отсто. Можно е да имаме 200 милиони евра помалку доходи, изјави Бислими, порачувајќи дека целта на мерките не е целосна компензација на штетите, туку нивно минимизирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот