Косовската Влада паѓа во септември?

На почетокот на септември оваа година, Владата на Харадинај „полни“ две години, откако беше изгласана во косовското Собрание и токму во исто време опозицијата планира да ја урне преку гласање на доверба, пишува денеска весникот „Зери“.

Инаку, Владата предводена од премиерот Рамуш Харадинај беше изгласана во Собранието на 9 септември 2017 година, при што тогаш обезбеди само 61 глас од пратениците, еден пратеник бил воздржан, додека пратениците од Демократското движење на Косово (ДДК) и Движењето Самоопределување, не учествувале на изборите.

Според пратениците од опозицијата, оваа Влада ќе успее да го доведе мандатот само до половина, при што земјата ќе оди на предвремени парламентарни избори.

Пратеникот на најголемата опозициска партија (ДДК), Дритон Селманај, за весникот „Зери“ изјавил дека постојано се консултираат со опозицијата за собирање на потребните бројки за уривање на Владата.

– Трите опозициски партии сме за тоа оваа Влада да се урне и тука зборуваме за нијансите што не разликуваат, за начините како да се користи овој уставен инструмент. Но, ова нема да нè спречи во тоа како да најдеме заеднички начин со успех да ја постигнеме оваа иницијатива – изјави Селманај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот