Косовската такса од утре ја заменуваат реципрочни трговски и политички мерки

Таксата од 100 отсто на производите од Србија и Босна и Херцеговина на 1 април ќе биде укината и заменета со потполно реципрочни трговски и политички мерки, рекоа официјални лица на косовската влада во оставка, а пренесе „РСЕ“.

Таа мерка се заснова на одлуката од 20 март кога е укината таксата на производите и најавено е дека од 1 април таксата ќе биде заменета со реципрочни мерки во односите со Србија и БиХ за сите прашања.

Заменик премиерот во оставка Хаки Абази потврди за „РСЕ“ дека реципрочните мерки се на основ на праксата и политиката која Србија ја применува во трговските односи со Косово.

– Тие мерки главно се однесуваат на слободата на движењето на луѓето, возилата, транспортните камиони. Србија не ги признава регистарските таблички на Косово и ги обврзува граѓаните на Косово да ги заменат со привремени – вели Абази, притоа земајќи ги за пример и сертификатите за производство или санитарните сертификати кои Србија не ги признава.

Тој истакнува и дека Србија без прекин ги применувала мерките кои им штетеле на косовските произведувачи, а со тоа не го почитувала Договорот за слободна трговија (ЦЕФТА).

Абази наведува дека институциите на Косово мораат да ги заштитат интересите на државата, притоа укажувајќи на бројните нетарифни бариери кои Србија ги применува кон Косово.

Официјалните лица од Царината на Косово рекоа дека се подготвени да ја спроведат секоја одлука на Владата. Портпаролот на царината рече дека само се чекаат упатствата.

На укинување на таксите без реципроцитет особено инсистираше специјалниот пратеник на американскиот претседател за преговорите меѓу Косово и Србија Ричард Гренел, за да се продолжи дијалогот.

Откако таксата на Владата на Косово од 100 отсто стапи на сила, увозот на роба од Србија речиси да е сведен на нула.

Според официјалните податоци на косовската Царина, Косово претходно дневно увезувало од Србија роба во вредност од 1,2 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот