Косовската полиција заплени лекови со српски акцизни маркички

Фото: Profimedia

Косовската полиција заплени лекови со акцизни маркички од Србија во село Рогачица во Општина Косовска Каменица. Како што беше соопштено, на одземањето и претходела контрола што била извршена околу пладне во аптека, објави денеска порталот КоССев.

Лековите со српски маркички се запленети и испратени на царинскиот терминал, соопшти косовската полиција. Полицијата во извештајот го спомена и случајот со илегалниот премин што се случил на северот на Косово. Случајот е регистриран во селото Бање, во Општина Зубин Поток.

Имено, како што се наведува, полицијата запрела жена од Косово која нелегално го преминала преминот со својот автомобил во кој превезувала текстилна стока.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот