Косовската полиција ја претресe куќата на Иван Ристиќ

Експрес

Специјалната единица на косовската полиција изутринава изврши претерес во куќата на членот на Општинското собрание во Ранилуг, Иван Ристиќ.

Веста ја потврди за Индексонлајн портпаролот на косовската полиција, Баки Келани.

– Можеме да потврдиме дека косовската полиција, врз основа на наредбата дадена од надлежниот суд, извршила претрес на приватна куќа во село во Општина Ранилуг – рече Келани.

Експрес пак дознава дека домот на Ристиќ бил претресен за нелегално поседување оружје. Акцијата е во продолжение на акција што Косовската полиција ја започна пред неколку дена на неколку локации каде заплени значителна количина нелегално оружје.

Веста за претресот на куќата на Ристиќ ја потврди и градоначалникот на Ранилуг, Давор Петковиќ. Според него, полицијата интервенирала врз основа на судски налог.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот