Косовската пејачка Морина фатена со оружје на албанско-косовска граница

Албанската полиција на граничниот премин Морина, на албанско-косовската граница ја приведе косовската пејачка, Фјола Морина, откако се обидела да влезе во Албанија со огнено оружје-пиштол, пренесе Ора њуз.


Пиштолот бил пронајден во чантата на пејачката, а откако била спроведена во притвор, таа не се чувствувала добро па била итно префрлена во болницата.

-При извршената контрола на втората линија, во чантата на Ф.М. (34) жителка на Приштина, Косово, граничната полиција пронајде и заплени како доказен материјал огнено оружје тип „зораки“ со 23 куршуми. Додека во багажникот на возилото е пронајдена и запалка на изглед како пиштол, информира полицијата од Кукуш.

Притворени се и сопатниците Ф.М.(29), жител на Косово и Ф.С. (29) од Белгија. Сите ќе одговараат за кривично дело „трговија со оружје и муниција“. 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот