Косовската министерка тврди: Мини Шенгенот може да биде многу опасен за стабилноста и мирот на Балканот

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Гервала Шварц денеска на Брдо кај Крањ оцени дека процесот Мини Шенген може да биде многу опасен за стабилноста и мирот на Балканот.

Учествувајќи во неформална дискусија на министрите за надворешни работи и европски работи на ЕУ и балканските земји, чиј домаќин беше државниот секретар за надворешни работи, Гашпер Довџан, таа рече дека на Балканот постојат актери кои се обидуваат да го подријат концептот за регионална соработка, обидувајќи се да ги вратат старите времиња во овој регион, кога политичките и економските процеси биле меѓусебно поврзани.

„Го викаат мини-шенген и постојано ни зборуваат дека тоа не е против патот кон ЕУ. Но тоа не е точно. Ни рекоа дека тоа служи за регионална соработка. Дури и ова не е вистина“, рече таа, стои во соопштението на ова косовско министерство.

Косовската шефица на дипломатијата ја повика ЕУ да ги преземе неопходните чекори за да го запре овој процес пред да биде предоцна.

„Овој процес може да биде многу опасен за стабилноста и мирот на Балканот“, додаде таа.

На состанокот главните дискусии беа насочени на теми поврзани со процесот на проширување, владењњето на правото и решенијата за создавање стабилна Европа по пандемијата од ковид-19.

Во оваа прилика е упатен повик за масовна вакцинација за сите држави што поскоро да се вратат во нормала.

Гервала Шварц рече дека Косово е на добар пат по прашањето за управување со пандемијата. Ја нагласи извонредната помош во тој поглед на ЕУ, нејзините држави членки, но и земјите кои не се членки на ЕУ, како Норвешка и САД.

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот