Косовска новинарка добива смртни закани поради Џака

Фото: Zana Avdiu/Facebook - Granit Dzaka (Twitter)

Новинарката од Косово, Зана Авдиу е на мета на навреди, па дури и смртни закани поради критики кон швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака и неговото однесување во натпреварот во групната фаза против Србија.

Голем дел од Албанците ја славеа победата на Швајцарија, натпреварот беше преполн со тензија и неспортски работи. Џака се најде во центарот на вниманието поради неговиот непримерен гест кога се фати за меѓуножјето.

Критики за таквиот гест на Џака имаше и новинарката Авдиу.

„Потегот на Гранит Џака е срамен. Ретко кој не ја сподели таа фотографија, тоа значи нулта ниво во некоја наша држава“, искоментира новинарката.

Со тој коментар таа го навлече гневот на косовската јавност, па дури добивала и смртни закани. Во медиумите се огласи и нејзиниот адвокат Арианит Кочи.

„Нормално е да имаме различни ставови и да не се согласуваме за некои работи, но вакви закани се недозволиви во еден цивилизиран свет. Тоа што кон неа се вперува прстот и од јавни личности само се зголемуваат заканите“, објасни Кочи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот