Косово воведува полициски час

Приштина, Косово / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Премиерот на Косово, Албин Курти најави нови мерки поради новиот раст на новозаболени од Ковид-19. Новите мерки за спречување на ширењето на вирусот стапуваат на сила од денес, а ќе траат до 13-ти септември. Курти најави полициски час во периодот од 22 часот до 5 наутро, а почетокот на учебната година е одложен за 13-ти септември.

На територијата на Косово вчера починаа 36 лица

Синоќа, по седницата на советот за национална безбедност во Приштина, изјави дека смените на косовската полиција во наредниот период ќе биде 12 часа, наместо досегашните 8.

Тој соопшти дека почитувањето на мерките многу повеќе ќе се контролираат отколку досега, како и дека секое непочитување ќе се санкционира.

„Секој кој ќе ги прекрши мерките ќе биде парично казнет, ја зголемуваме полициската контрола, а инспекторите ќе ја зголемат контролата во продавниците и трговските центри“ изјави Курти, пренесува „Коха диторе“.

За влез во Косово треба да се поседува доказ за комплетна вакцинација или барем една доза, негативен ПСР тест кој не е постар од 72 часа, потврда за прележан вирус или брз негативен тест за антитела кој не е постар од 48 часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот