Косово воведе задолжителен тест за коронавирус за влез на Македонците

Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Граѓаните на Македонија, БиХ и Црна Гора од утре ќе треба да достават негативен ПЦР-тест на влезот во Косово, објавија тамошните медиуми.

Од утре косовската влада ќе бара од граѓаните на Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора негативен ПЦР-тест за Сарс-КоВ-2, не постар од 72 часа, за да влезат на Косово.

Оние што ќе слетаат на аеродромот „Адем Јашари“ ќе бидат ослободени од ова правило доколку потпишат изјава дека ќе го напуштат Косово во рок од 3 часа. Ниту патниците во транзит на аеродромот „Адем Јашари“ нема да мора да имаат негативен ПЦР-тест.

Камионите и патничките автомобили во транзит исто така не мора да имаат негативен тест, но ќе мора да потпишат изјава дека ќе го напуштат Косово во наредните 5 часа.

Акредитираните дипломати и членовите на нивните семејства исто така се ослободени од обврската да достават негативен ПЦР-тест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот