Косово вети екстрадиција на Демири и Исмаиловиќ, обвинети во „Монструм“

Министерот за внатрешни работи на Косово, Екрем Мустафа, кој е денес во работна посета на Македонија, во касарната во Ѓорче Петров, рече дека двајцата осомничени во случајот „Монструм“, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, ќе бидат екстрадирани во Македонија.

– Кога ќе се заврши процедурата во министерството за правда, тие ќе бидат екстрадирани во Македонија -рече Мустафа.

На 12 април 2012 година беа застрелани петмина скопјани додека ловеле риба крај Смилковското Езеро. Убиени беа четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од скопската населба Радишани – Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и 45-годишниот Борче Стевковски од селото Црешево.

За петкратното убиство кај Смилковското Езеро беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите. Случајот „Монструм“ го презеде СЈО. За судот сѐ уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот