Косово: Верификаторите на гласовите од Србија немаат заразна инфекција

Косовапрес

Иако состојбата на 12-те службеници на Централната изборна комисија на Косово, кои имале алергија за време на верификација на гласовите од Србија е стабилна, тие сеуште се наоѓаат во Инфективната клиника во Приштина, додека денеска лабораториските резултати покажале дека немаат заразна инфекција, јавува Косовапрес.

Директорката на Инфективна клиника, Линдита Ајазај-Бериша, на прес-конференција изјавила дека сите анализи кои им се направени покажале оти нема инфекција.

-Здравствената состојба е добра, се очекува следејќи ја состојбата да бидат отпуштени дома. Врз основа на резултатите од анализите, нема инфекција,  – изјавила таа.

Дека лабораториските резултати се добри кажа и директорот на Националниот институт на јавно здравје, Насер Рамадани. За разлика од вчера кога беше кажано дека станува збор за 11 службеници, денеска директорката на Инфективна клинка информираше дека пристигнал уште еден пациент.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот