Косово утре ќе добие нова влада
Движењето Самоопределување и Демократскиот сојуз на Косово, денеска изутрина го потпишаа договорот за заедничко коалиционирање.
Движењето Самоопределување и Демократскиот сојуз на Косово, денеска изутрина го потпишаа договорот за заедничко коалиционирање.
Двајцата претседатели на партиите, Албин Курти на ВВ и Иса Мустафа на ЛДК, денеска од собраеието информираа дека се договориле заедно да ја формираат новата влада во Косово.
– Денеска се сретнав со претседателот на ЛДК Иса Мустафа и се договоривме утре да ја избереме новата влада. Ние веќе сме го потпишале договорот и за се сме се договориле за се, меѓу другото и за поделбата на одговорностите во новата влада – изјави Курти.
Претседателот на Демократскиот сојуз на Косово, изјави дека се работи за договор кој е во интерес на промените што треба да се случат во Косово.
– Постигнавме договор. Се надевам дека е добар договор, и е во интерес на промените што треба да се случат во нашата земја. Ги истражувавме сите алтернативи и можности. Тоа што сакаме е ова влада да биде успешна и да ги реализира очекувањата – изјави Мустафа.
Според договорот се очекува новата косовска влада да има 15 министерства, додека Глаук Конјуфца од ВВ ќе поднесе оставка од местото спикер на собраниетои таа функција ќе и припадне на ЛДК.