Косово со висок пораз од Англија (ВИДЕО)
Во квалификациската група „А“ уште од претходно беше познато дека Англија и Чешка обезбедија настап на Европското првенство 2020 година.
Секако за нас беше да видиме со каков резултат ривалот во плеј-офот на „Лигата на нации“, Косово кој ги заврши квалификациите со убедлив пораз. На стадионот „Фадил Вокри“ во Приштина, репрезентацијата на Косово загуби со 0:4 од селекцијата на Англија.
После првото полувреме водеше „Гордиот албион“ со погодокот на Винкс кој ја искористи невнимателноста во домашната одбрана.
Сите дилеми околу победникот беше решени во последните 15 минути од средбата, предноста беше зголемена преку Кејн кој доста среќно искористи една одбиена топка и ја смести во домашната мрежа.
Англичаните беа во силен налет, Решфорд исто така се запиша во листата на стрелците после асистенцијата на Стерлинг, а конечниот епилог го постави Маунт (90+1) кој ја казни новата грешка на одбраната на Косово.
Бугарија дури на својот последен осми меч од квалификацискиот циклус успеа да го запише првиот триумф и тоа над Чешка (1:0) со погодокот на Божиков.
На конечната табела Англија го освои првото место со 21 бод, пред Чешка со 15. Косово заврши на третата позиција со 11 бодови, пред Бугарија (шест) и Црна Гора (три).