Косово со план за справување со коронавирусот

Фото: МИА

Комитетот за следење на заразните болести формиран од Министерството за здравство на Косово усвои План за готовност и реагирање при евентуална појава на коронавирусот, Ковид-19, кој ги содржи активностите кои се преземени во случај да се јави потреба од справување со вирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според денешното соопштение на Министерството за здравстево, со планот се опфатени речиси сите јавни здравствени установи, организациите и владините агенции, како и Безбедносните сили (ФСК) и Полицијата на Косово. Доколку се јави потреба, Комитетот ќе побара од Владата формирање карантин.

– Планот ги одредува задачите за секоја институција која има одговорност во неговото спроведување и предвидува реакција на секое можно сценарио во случаи на евентуална епидемија: од лесно до жестоко сценарио, се вели во соопштението.

Комитетот информира дека во моментов во Косово нема случаи со коронавирус, а моментно работи на информирање на населението, со оглед дека, како што се наведува во соопштението, „забележливо е дека, во недостиг на информации, има лица кои понекогаш, можеби и ненамерно, предизвикуваат конфузија и паника со половични информации околу третирањето на проблемот во Косово”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот