Косово со нов дневен рекорд на заболени и починати од ковид-19

Во Косово во минатите 24 часа се регистрирани 12 починати и 728 новозаболени од Ковид-19, што претставува нов дневен рекорд на жртви и заразени од епидемијата на коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК), вклучително последните случаи, во земјата досега, како последица на пандемијата, починале 732 од 22.934-те лица кај кои е откриен вирусот.

Вчера е забележана и рекордна бројка од 1.827 извршени тестирање со методот РТ-ПЦР, со што бројот на лица кои биле тестирани поради сомневање дека се заразени достигна до 103.839.

Како излекувани последните 24 часа се евидентирани 60 пациенти, а од почетокот на епидемијата болеста досега ја совладале 15.981 лице.

Согласно официјалните статистики на косовските здравствено власти, во земјата во моментот има 6.220 активни заболени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот