Косово се подготвува за вонредни избори

Косовските политички партии ќе ги измерат силите на вонредни парламентарни избори во последната недела од септември годинава, пишува денеска приштинскиот портал „Газета експрес“, повикувајќи се на извори во кабинетот на претседателот на Косово, Хашим Тачи.

Хашим Тачи се очекува да го прогласи 29 септември за ден на изборите, по седницата на косовското Собрание, на 22 овој месец, кога се очекува одлука за самораспуштање на законодавниот дом, откако претходно, минатиот месец, премиерот Рамуш Харадинај поднесе оставка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот