Косово се двоуми околу гасоводот, Владата уверува дека нашиот план не се менува

Фото: EPA/Eustream

Македонските власти сметаат дека Косово се двоуми околу партнерското учество во енергетскиот мегапроект за гасна централа во Александрополис заедно со земјава, објави Алсат.

Двете земји пред неколку месеци потпишаа договор за физибилити студија за проектот, но сега, според извори од Владата, Приштина прави пресметки дали ќе ѝ се исплати да добива гас од кај нас. Што и да одлучи Косово – планот нема да пропадне, уверуваат властите.

„Тие прават анализа за економската исплатливост од гасификацијата, колку тоа би ги чинело, како таа инвестиција да им се врати и потоа како таа да се врати за добро на граѓаните и индустријата“, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

Според вицепремиерот Фатмир Битиќи, инвестирањето во интерконекторот за гас од Грција не треба да се доведува во прашање.

„Градењето на интерконекторот со Грција, градењето на гасоводната мрежа во државата, е претходник на новиот енергенс на новата генерација гасоводната мрежа во државата, но и интерконекторите ќе бидат претходниците, како водородниот провод, којшто би требало да дојде наредните 30 години“, рече Битиќи.

Пред неколку месеци земјава потпиша договор за учество во гасната централа Александрополис со учество од 600 милиони евра. Инаку, главната дилема на Косово дали да инвестира во гасот е поради тоа што земјата има огромни резерви на јаглен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот