Косово регистрира 11 сметни случаи и 855 новозаболени од Ковид-19

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Бројот на жртви од пандемијата на ковид-19 во Косово се зголеми на вкупно 885откако во минатото деноноќие починаа 11 пациенти.

Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, во изминатите 24 часа се регистрирани 855 новозаболени, со што бројката на лица кај кои е откриен вирусот се зголеми на 32.877. Од нив, вклучително вчерашните рекордни 748 излекувани пациенти, болеста досега ја совладале 19.722 лица.

Официјално, согласно наведените податоци, во земјата моментно има 12.220 носители на заразата.

Вчера се извршени 1.930, тестови, а вкупно досега се направени 127.722 тестирања со методот РТ-ПЦР.

Жариште на епидемијата е главниот град Приштина, каде што коронавирусот досега е откриен кај повеќе од 12.500 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот