Косово пријави 914 нови случаи на ковид-19 за изминатото деноноќие и десет почуинати пациенти

Приштина, Косово / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Во Косово во последните 24 часа се регистрирани 914 случаи на ковид-19 од 4.733 тестирани примероци, а починаа 10 лица, објави Националниот институт за јавно здравје.

Вкупниот број на смртни случаи во земјата од почетокот на пандемијата достигна 1.840 лица. Направени се вкупно 414.902 тестови од кои 87.981 биле позитивни.

Во последните 24 часа во Косово се пријавени 602 лица како оздеравени или вкупно 72.415 од почетокот на пандемијата, а моментно има 13.726 активни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот