Косово побара отстранување на српските налепници од косовските производи

Косово и Србија/ Фото Zoonar GmbH / Alamy / Alamy / Profimedia

Во Скопје редовно се одржува состанок на Управниот одбор на стопанските комори на Западен Балкан. Одборот на овој механизам е формиран во рамките на Берлинскиот процес, од февруари годинава, а го предводи претседателот на Стопанската комора на Косово, Љуљзим Рафуна, кој го презеде следното претседателство од Србија.

Вчера во Скопје на состанокот, Косово побара да се отстранат налепници што Србија со години ги воведува на производите „Made in Kosovo“, изјави претседателот на Стопанската комора на Косово, Љуљзим Рафуна.

Состанокот се одржа со посредство на Стопанската комора на Северна Македонија, каде присуствуваа претставници на Европската комисија и претставници на германската влада, кои се и основачи на Иницијативата во рамките на Берлинскиот процес, кој ја пофали улогата на Северна Македонија.

Претседателот на Стопанската комора на Косово, Лулзим Рафуна вчера се сретна со претседателот Стево Пендаровски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот