Косово: По 30 дена притвор за осомничените за учество во терористички групи во Сирија

Wikipedia/Shkumbin Saneja

Основниот суд во Приштина, одреди по 30 дена притвор за четри лица кои Косово вчера успеа да ги врати од конфликтните зони во Сирија.

Косово, во соработка со САД, во саботата успеа да врати 110 свои граѓани од конфликтните зони во Сирија меѓу кои четрите осомничени мажи, 32 жени и 74 деца. Жените и децата сега се сместени во прифатниот центар во Приштина и им се вршат здравствени контроли.

Според „Косовапрес“, судот се сомнева дека осомничените лица војувале за терористичката организација ИСИС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот