Косово: Отфрлена жалбата на ВВ, гласовите од Србија неважечки, Нисма влегува во Собрание

Врховниот суд на Косово одлучи денеска да се прогласат за неважечки над 3.700 коверти со гласови стасани од Србија за вонредните парламентарни избори одржани во земјата на 6 октомври, со што коалицијата предводена од Социјалдемократската иницијатива (Нисма) доби шест места во новото Собрание на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Највисоката судска инстанца во Косово ги одби сите поплаки на одлуката на Изборниот панел за поплаки и претставки (ПЗАП), кој во понеделникот ѝ наложи на Централната изборна комисија (ЦИК) да ги избрише од конечните резултати гласовите од Србија, како што побара коалицијата на Нисма и Алијансата ново Косово (АКР).

На оваа одлука на ПЗАП пред Врховниот суд поднесе алба партијата Движење самоопределување (ВВ), кој победи на изборите од 6 октомври, но која наместо 32 пратеници колку што имаше според конечните резултати што ги објави ЦИК на 7 ноември, сега ќе има 29.

Прочитајте и...  Трет заразен со коронавирус во Хрватска: Маж кој работи во Парма е хоспитализиран во Риека

Во соопштението што попладнево го достави до медиумите, Врховниот суд наведува дека се отфрлени како неосновани поплаките на пратениците на ВВ, кои со одлуката на ПЗАП останаа надвор од собраниските клупи, како и други шест поплаки од Демократскиот сојуз на Косово и од неколку партии на помалите етнички заедници.

На одлуката на ПЗАП за бришење од конечните резултати на гласовите стасани од Србија се жалеше партијата Движење Самоопределување (ВВ), која излезе како победник на октомвриските избори.

По поништувањето на гласовите од Србија, како што побара коалицијата Нисма – АКР, освен ВВ, која изгуби три пратенички места, по еден пратеник ќе изгубат и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) – 28 наместо првичните 29, Демократската партија на Косово (ПДК) – имаше 25, сега останува со 24 – и Алијансата за Иднината на Косово (ААК), која наместо 14, сега ќе има 13 пратеници.

Прочитајте и...  ПУКОТНИЦА ВО САД: Пет лица се убиени во пиварница во Милвоки, напаѓачот се самоубил

Освен бришењето на гласовите пристигнати од Србија, ПЗАП во понеделникот ѝ наложи на ЦИК и да се пребројат гласовите на 1.472 од вкупно 2.547 гласачки места, на кои се гласаше на 6 октомври. Ова, според најавите од ЦИК и предвидувањата на политичките аналитичари, ќе го одложи објавувањето на конечните резултати, а со тоа и формирањето на новото Собрание и на Владата на Косово, за околу три недели.

Прочитај повеќе

Земјотрес со јачина од 3,1 степени регистриран во Албанија

Слободен печат

Потпретседателот на косовската влада бара укинување на таксите за српските продукти

Слободен печат

Русија за првпат истрела „Циркон“ – хиперсонична ракета го голем домет

МИА Агенција

Шефот на СЗО: Сега не е време за страв, сега е време за преземање акции за да се спасат животи

МИА Агенција

Муниција од Втората светска војна би можела да принуди 10-годишна евакуација на цело село во Швајцарија

Слободен печат

Тројца турски војници загинаа во северозападна Сирија

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ПУКОТНИЦА ВО САД: Пет лица се убиени во пиварница во Милвоки, напаѓачот се самоубил

Слободен печат

Димитров: Без Западен Балкан не може да биде возможна целосна, просперитетна и стабилна Европа

Слободен печат

Претседателите на Словенија и Хрватска се договорија за интензивно решавање на проблемите меѓу двете земји

МИА Агенција

Се чекаат тестовите за присуство на коронавирус на уште едно лице кое дошло од Рим

Слободен печат

Потпретседателката на Иран е заразена со коронавирус

МИА Агенција

Еден авионски билет е поевтин од кафе во Кина

МИА Агенција