Косово останува без влада, ЛДК излегува од коалиција со Движењето Самоопределување

Според Мустафа, главната причина за излегувањето од влада на ЛДК е неостранувањето на таксата кон српските продукти, така како што бара САД.

Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) одлучи да излезе од владината коалиција со Движењето Самоопредлување, после одлуката на Курти, да го разреши министерот за внатрешни работи, Агим Велиу, за изјави дадени во врска со ситауцијата со коронавирусот.

Раководството на ЛДК донесе одлука да покрене иницијатива за собороување на владата на Курти, заради неукинувањето на таксата и за како што велат едностраните одлуки на Курти со кои се урива договорот за коалиционирање.

-Денеска се случи еден неочекуван и ненајден потег на премиерот Курти, во спротивност со договорот, дека треба да се консултира со мене, доколку има некоја забелешка за министрите. Оваа одлука покажува дека Курти не сака да соработува со нас. Ние одлучивме да покренеме иницијатива за гласање на недоверба за ова влада- изјави Мустафа по одржувањето на состанокот на Централното раководство на ЛДК.

Според Мустафа, главната причина за излегувањето од влада на ЛДК е неостранувањето на таксата кон српските продукти, така како што бара САД.

Инаку денеска, Курти го разреши министерот за внатрешни работи, Агим Велиу, кој што е предложен од ЛДК, поради несогласување со неговите ставови во однос на кризата предизвикана со епидемијата на коронавирус

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот