Косово: Османи и Грвала отпатуваа во Њујорк за Генералното собрание на ОН

Вјоса Османи
Вјоса Омани / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Претседателката на Косово, Вјоса Османи и министерката за надворешни работи, Доника Грвала отпатуваа денеска во Њујорк, каде што ќе учествуваат на 76-тата седница на Генералното собрание на Обединетите нации, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението од кабинетот на Османи, на маргините на седницата на Генералното собрание на ОН, таа и шефицата на диломатијата ќе остварат средби со делегации-учеснички, со претседатели на држави, премиери и министри за надворешни работи.

Најавени се и средби со претставници на албанската заедница во САД, како и со „политички фигури кои го помогнаа Косово на патот до независноста и државноста”. Освен тоа, Османи ќе има и предавање на Универзитетот Колумбија.

– Средбите ќе бидат во функција на заложбите за јакнење на меѓународниот субјективитет на Косово, се вели во соопштението од кабинетот на Османи.

Извор: МИА

Османи во САД на Генералното собрание на Обединетите нации

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот