Косово: Опозициската ВВ организира бесплатен превоз од Германија за гласање на 6 октомври

Косово избори 2021/ Фото: МИА

Партијата Движење Самоопределување (ВВ) организира бесплатен автобуски превоз од Германија за косовските граѓани кои сакаат да дојдат да гласаат на вонредните парламентарни избори на 6 октомври, јави дописникот на МИА од Приштина.

Партијата на Албин Курти преку својата страница на Фејсбук информира дека има обезбедено бесплатен повратен автобуски превоз за Косовците кои живеат во Хамбург, Минхен, Хановер, Келн и неколку други градови во Германија, а кои сакаат да гласаат на изборите.

Поаѓањето за Косово е на четири дена пред изборите, додека враќањето во Германија ден по нивното одржување. За заинтересираните се објавени телефонски броеви на кои треба да се јават за да резервираат место во автобусите.

Над 40 илјади припадници на косовската дијаспора се пријавија за гласање на 6 октомври, додека Централната изборна комисија верификува околу 37 илјади валидни пријави. Со организацијата на ВВ избирачкото право ќе можат да го искористат и косовските државјани кои живеат во Германија и околните западни земји, а кои не се пријавиле како гласачи од странство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот