Косово: На свечената седница за годишнината од независноста истакнато знамето на УЧК

Фото: Профимедиа

Новите власти во Приштина, со свечена седница на Собранието, ја прославија 12-годишнината од независноста на Косово. За време на оваа свечена седница беше истакнато и знамето на УЧК, објави „Косово онлајн“.

Во пленарната сала на косовското собрание, покрај знамето на Косово, се најде и она на УЧК.

Како што пренесе „Коха“, пратеникот Ганимете Муслиу го поставил знамето на УЧК во салата пред седницата.

Инаку на оваа седница, како што пренесуваат приштинските медуми, покрај претставниците на властите и пратениците, присуствувале и претставници на дипломатскиот кор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот