Косово на чекор до нова влада

Претседателот на Самоопределување, Албин Курти, денеска во Призрен се сретна со претседателите на трите партии на немнозинските заедници и трите идни пратеници, Расим Демири, Фикрим Дамка и Алберт Киноли.

Курти на Фејсбук објави фотографија од таа средба и истакна дека веќе се обезбедени 61 пратеник за формирање на нова влада, што значи дека дел од членовите на владиниот кабинет ќе бидат од немнозинските заедници.

„Во “Амбиент“ на Призрен, без разлика на пребројувања, се обезбеди мнозинство за новата влада. Претседателите на трите немнозински заедници, во истовреме и идни пратеници, господата Расим Демири, Фикрим Дамка и Алберт Киноли, ќе гласаат за нашата влада и за мене како иден премиер, без уцени. 6 октомври 2019 е датумот кога започна иднината“, напиша Курти.

Инаку денеска после пребројувањето на гласовите, прагот од пет проценти за да влезат во Собрание, успеаа да ја поминат коалицијата составена од Социјалдемократската Иницијатива на Фатмир Лимај (Нисма), партијата на Беџет Пацоли- Алијанса за Ново Косово (АКР), и партијата на градоначалникот на Приштина- Социјалдемократската партија на Косово (СПК) на Шпенд Ахмети. Со тоа тие во новиот состав во Собранието ќе имаат шест пратеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот