Косово: Мустафа и Курти во понеделник ќе го потпишат договорот за коалиција

Фото: Принтскрин

Коалицискиот договор меѓу Самоопределување и Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) ќе биде потпишан во понеделник, 2 декември.

По денешната средба меѓу претседателот на Самоопределување Албин Курти и Иса Мустафа од ДСК, објавено е дека двете партии целосно ја усогласиле агендата на идната косовска Влада.

Исто така беше најавено дека одговорностите за управување ќе бидат споделени во наредните денови, „со разјаснување на ставовите и барањата на двете страни”.

– Претседателот на Самоопределување Албин Курти и претседателот на ДСК, Иса Мустафа денеска одржаа средба во Собранието на Косово. Состанокот заврши со стопроцентно усогласување на програмата за управување и договор за сите отворени прашања, соопшти Самоопределување.

„Од двата различни начини на владин кабинет со 12  министерства кои ги понудија работните тимови на нашите два субјекти, Курти и Мустафа се одлучија за првата верзија. Следниот чекор ќе биде изборот на одговорностите во заедничкото управување, за кое се разјаснети позициите и барањата. Значи темата е отворена и дефинирано е начелото на решението кое на крај ќе биде заклучено со со договор во понеделник“, соопшти Самоопределување на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот