Косово издвои петстотини илјади евра за настраданите во Албанија

EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Владата на Косово издвои 500 илјади евра помош за Албанија, која утрово ја погодија силни земјотреси кои предизвикаа жртви и уривања, јави дописникот на МИА од Приштина.

Одлуката е донесена на денешната вонредна седница на владата во оставка, свикана од премиерот Рамуш Харадинај по повод ситуацијата во Албанија.

– Косово е покрај своите сонародници и се моли бројот на жртвите да не се зголеми и ова да бидат последни потреси- изјави Харадинај пред новинарите по владината седница.

Покрај специјалните тимови за потрага и спасување на Безбедносните сили (ФСК) и на полицијата на Косово кои беа упатени во Албанија, Харадинај информира дека им наложил и на противпожарните служби, спасувачките тимови и компаниите ангажирани од Министерството за инфраструктура да помогнат на соседната држава во справувањето со последиците.

Албанија рано утрово ја погодија серија земјотреси во кои, според последните официјални информации, загинаа најмалку  13 лица, а причинети се и големи материјални штети, нарочито во приморскиот град Драч и местото Тумане, како и во околните населени места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот