Косово: Институциите за една година потрошиле речиси 15 милиони евра на службени патувања!

Институциите во Косово во текот на 2018 година потрошиле околу 14,7 милиони евра на службени патувања, а најголема сума потрошило Министерството за трговија и индустрија.

Според извештајот на Институтот ГАП, косовското Министерство за трговија и индустрија минатата година потрошило 143.459 евра на службени патувања, од кои 44.685 евра на храна, 40.531 евра за сместување, а 32.894 евра за влезници.

Министерството за трговија и индустрија во текот на годината за службени патувања потрошило 151.332 евра.

Според косовските медиуми Министерството за трговија и индустрија троши големи суми на пари бидејќи работи на проекти за привлекување на странски инвеститори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот