Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, вчера најави дека Косово ќе подели средства за донација од својот буџет за реставрација на историската црква на Нотр Дам која се запали пред два дена.
„Многу ми е жал за пожарот во катедралата на Нотр Дам, тоа е голема загуба на вредностите на нашиот континент. Се надевам дека сите земји ќе придонесат за нејзина реставрација.“ рече Харадинај пред присутните на Високиот форум за координација на донаторите, кадешто присуствуваше и францускиот амбасадор во Приштина, Дидие Шабер.
Од друга страна според „Топ Чанел“, и Албанија одвоила средства од 100.000 евра за реставрација на Нотр Дам.