Косово: Хоти ќе ја претстави владината програма пред пратениците на Демократскиот сојуз

Фото: МИА

Претседателот на државата Хашим Тачи на 30 април му го додели мандатот за премиер на Авдулах Хоти, меѓутоа неговата одлука пред Уставниот суд ја оспори Движењето самоопределување (ВВ) на премиерот во оставка, Албин Курти.

Мандатарот за состав на нова косовска влада од редовите на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Авдулах Хоти ќе ја претстави денеска својата владина програма пред пратеничката група на неговата партија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста за агенцијата КосоваПрес ја потврди шефот на пратеничката група на ЛДК Арбен Гаши, не изнесувајќи детали за најавената средба.

Агенцијата дознава дека состанокот ќе се одржи во Собранието на Косово, со почеток во 13 часот.

Претседателот на државата Хашим Тачи на 30 април му го додели мандатот за премиер на Авдулах Хоти, меѓутоа неговата одлука пред Уставниот суд ја оспори Движењето самоопределување (ВВ) на премиерот во оставка, Албин Курти.

ВВ смета дека единствено решение за состојбата во земјата, откако на 25 март беше изгласана недоверба на кабинетот на Курти, е одржување нови избори, откако ќе се создадат услови за тоа, односно откако ќе помине пандемијата на Ковид-19.

Уставниот суд најави дека ќе одлучи по барањето на ВВ до 29 мај, до кога има мораториум на сите активности околу формирањето нова влада.

ЛДК, која беше второрангирана на изборите од октомври минатата година, веќе има постигнато договор за владина коалиција со опозициските Алијанса за иднината на Косово (ААК) на поранешниот премиер Рамуш Харадинај и Социјалдемократска иницијатива (Нисма) на екс-вицепремиерот Фатмир Лима, како и со најголемата партија на Србите во Косово, Српска листа (СЛ) и со партиите на другите немнозински етнички заедници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот