Косово го продолжува зимскиот распуст, од септември до сега над 4.000 наставници, ученици и училиштен персонал биле позитивни на ковид-19

epa08667708 Elementary school students wearing face masks keep their distance on the first day of school in Pristina, Kosovo, 14 September 2020. The government of Kosovo postpone the start of the school year for two weeks due to the current state with the COVID-19 pandemic. Kosovo schools reopened on 14 September for the first time since March 2020 when the COVID-19 Coronavirus crisis started. EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Министерството за образование, наука, технологија (МЕСТ) соопшти дека втората половина на учебната година, која започнува на 18 јануари се очекува да се одвива според 3 планирани сценарија, пренесе Коха.

„До поинаква одлука на владата, Министерството за образование предвидува организирање на часови во согласност со генералниот водич изготвен од МЕСТ, генералниот водич за организирање на часови во пандемски услови и протоколот за одговор на ковид-19 заедно со сите други документи за второто полугодие“ велат од министерството.

Од приближно 25.000 тестови за ковид-19 спроведени во училиштата од септември до декември, 4.055 биле позитивни. Според Министерството за образование, повеќето наставници биле заразени – од 15.795 тестирани, 2.301 биле позитивни.

Во овој период биле тестирани и 6.090 ученици, од кои 1.470 биле заразени со коронавирус, додека кога станува збор за бројот на други вработени во училиштето – од 2.688 тестирани, 284 биле позитивни.

Хоти е загрижен по тестирањето на 10.000 ученици иако Косово бележи најмалку заболени во регионот (ВИДЕО)

Како што пренесува Коха експертот за образование Дукаѓин Пуповци вели дека пандемијата веќе го намалила квалитетот на образованието.

Извештајот на Светска банка објавен оваа година открива дека затворањето на училиштата се очекува да доведе до значителни загуби во учењето и зголемена функционална неписменост.

Истиот извештај, бидејќи учењето од далечина не е толку ефикасно како наставата во училиште, наведува дека се очекува ова да се рефлектира на следниот ПИСА (тест), каде што се претпоставува дека ќе има пад на нивото како во 2015 година.

Првото полигодие од оваа учебна година заврши во петокот. Зимскиот одмор е продолжен за еден месец. Учебната година започна на 14 септември со две недели доцнење.

Извор:Коха

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот