Косово го повлече своето барање за членство во Интерпол

Интеропол/Фото: ЕPА-EFE

Косово го повлече своето барање за членство во меѓународната полициска организација Интерпол, а оваа одлука ја потрвдија и официјалните преставници на Приштина.

Барањето за членство во меѓународната полициска организација е повлечено воочи почетокот на одржувањето на собранието на државите членки на Интерпол кое се одржува во Чиле.

Официјален Белград го оцени како голема победа повлекувањето на Косово од барањето за членство. Од таму оценија дека откако ги преброиле земјите подржувачи за косовското членство , приштинските претставници одлучиле да се повлечат од ова, за Србија спорно барање.

И кабинетот на косовскиот премиер во заминување Рамуш Харадинај потврди дека е повлечено барањето за членство на Косово во меѓународната полициска организација.

Токму настојувањето на владата на Харадинај доведе до блокада на разговорите меѓу Белград и Приштина кои во посредство на меѓународната заедница се водеа за решавање на идниот статус на Косово.

Откако на претходната седница Белград успеа да ги болокира настојувањата на Приштина да биде примена како полноправна членка на Интерпол, косовскиот премиер Харадинај како одмазничка мерка воведе 100 проценти царини за српските производи на Косово.

Воведувањето на царините го принуди Белград да се повлече од преговирите со Приштина, потенцирајки дека нивното укинување е услов Србија да се врати на преговарачката маса.

Со промената на власта во Приштина, заминувањето на Харадинај и доѓањето на АЛбин Курти на премирската функција, се враќаат надежите, пред се кај меќународната заедница дека и Белград и Приштина ќе направат компромис и ќе се вратат на преговарачка маса за решавање на идниот косовски статус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот