Косово ги забрани летовите од Велика Британија и воведе самоизолација од две недели

Министерот за здравство на Косово, Арменд Земај, наложи откажување на сите воздужни линии од Велика Британија, со цел да се спречи ширењети на новиот вид на коронавирусот, јави  дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението доставено до медиумите, косовското Министерство за здравство информира дека граѓаните кои ќе допатуваат во земјата од Велика Британија преку земните гранични премини се обврзуваат да се самоизолираат на две недели во нивните домови.

– Од Министерството за инфраструктра и Министерството за внатрешни работи се бара да ги донесат потребните одлуки и мерки согласно нивните административни надлежности и одговорности со цел спроведување на оваа одлука. За сите физички и правни лица кои нема да ги почитуваат мерките, надлежните органи се задолжуваат да изрекуваат казнени мерки согласно Законот за спречување и борба против пандемијата на ковид-19 на територијата на Република Косово, се вели во соопштението.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот