Косово доби над 11 милиони евра поддршка за буџетот од Европската комисија

Министерството за финансии на Косово, соопшти дека Европска комисија на земјата ѝ доделила 11 и пол милиони евра како директна помош за буџетот по земјотресот.

Според соопштението на министерството, оваа помош била примена по една напорна средба за да се постигне макроекономска стабилност на земјата.

– Успешното менаџирање со јавните финансии преку имплементирање на програмата и стратегијата за подобрување со јавните финансии, и во исто време преку зголемување на јавната транспаретност на буџетот, вклучувајќи ги тука сите заинтересирани, граѓанското општество и граѓаните на Република Косово. Овие задачи беа позитивно вреднувани од страна на Европската комисија, од каде што позитивно е оценета напорната работа направена за да се зачува макро економската стабилност – се вели во соопштението на министерството за финансии.

Според министерството за финансии, финансиската стабилност на Косово во моментов е одлична.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот