Косово: Десетмина починати, 111 заболени и 159 излекувани од Ковид-19

Во текот на вчерашниот ден регитрирани се нови 111 заразени, со што вкупната бројка на заболени од Ковид-19 од почетокот на епидемијата достигна до 12.448.

Во Косово во изминатите 24 часови починаа десетмина заболени од Ковид-19, со што бројот на жртви епидемијата на новиот коронавирус достигна до 467, објави попладнево во својот редовен дневен извештај Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК).

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, по вчерашните деветмина починати, денеска продолжи неколкудневниот тренд на двоцифрена бројка на жртви на епидемијата, при што, според косовските здравствени власти, се работи за главно повозрасни и лица кои страдаат од дијабетис, кардиоваскуларни и други потешки хронични болести.

Во текот на вчерашниот ден регитрирани се нови 111 заразени, со што вкупната бројка на заболени од Ковид-19 од почетокот на епидемијата достигна до 12.448. Од нив, вклучително последните 159, излекувани се вкупно 8.505, така што бројката на активни носители на вирусот изнесува 3.476.

Во лабораторијата за молекуларна микробиологија на ИКШПК вчера се извршени 448, а од почетокот на епидемијата 47.355 тестирања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот