Косово дава 1,500 евра на семејства кои загубиле член поради ковид

Приштина, Косово / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Сите оние кои изгубиле блиски членови на семејството како последица на Ковид-19, до крајот на ноември можат да аплицираат за еднократна помош од косовската влада во износ од 1.500 евра, соопшти косовското Министерство за финансии.

Помошта се однесува само на блиски членови на семејството, како брачен другар, дете или родител, пренесува Н1.рс.

За електронската пријава е потребна потврда за матична регистрација, со која се потврдува семејната поврзаност на барателот со починатиот и копија од последната страница од личната карта на лицето кое аплицира.

Во соопштението на косовското Министерство за финансии се наведува дека по 1 октомври 2021 година, оние кои ќе изгубат член на семејството поради инфекција со Ковид-19 може да добијат помош само доколку починатиот член на семејството е вакциниран со двете дози од вакцината против Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот