
Интересните моменти од фудбалскиот натпревар меѓу Косово и Англија, кој се одржа синоќа, продолжуваат да се објавуваат и денеска.
Таков момент кој го пренесуваат косовските медиуми e и настанот кога навивачите од Косово во еуфорија сакаа да се пошегуваат со британски полицаец кој се грижеше за редот и мирот пред натпреварот.
Косовците му ја одзедоа капата на британскиот полицаец но неговата реакција беше многу интересна. Полицаецот се сврте и отиде да му го земе албанското кече на еден од навивачите па ја стави на главата. Видеото од овој чин стана хит на интернет.
Инаку Англичаните на нивен терен синоќа ги победија Косовците со резултат 5:3.
this police man embracing kosovan culture haha. #EURO2020 #kosovo pic.twitter.com/yjpCxeDTY2
— 𓅓A U L O N A (@xx_aulona) September 10, 2019
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.