Девојка од Косово на 14 години отишла во Сирија, ја убедило момчето од Македонија (ВИДЕО)

фото: Тelegrafi.com

Седумнаесет годишно девојче разкажала за „Радио Слободна Европа“, како отишла во Сирија кога имала само 14 години.

Од вториот брак, таа има дете. Вратена заедно со повеќе од 100 други албанци, таа вели дека ќе и биде тешко да се интегрира во општеството.

Интервјуираната девојка, која се наоѓа во домашен притвор, побарала нејзиното лице и име да не бидат објавени.

– Имав 14 години. На 23 ноември 2015 година заминав за Сирија. Причината поради која отидов беше повеќе поради мојот свршеник. На почетокот беше добро, ги имавме сите услови за живеење. Подоцна ситуацијата се влоши и имав многу потешкотии, особено за храна и пијалоци. Немавме право дури да одиме и да земеме вода за пиење. Се плашевме дека ќе не убијат – пренесува „Телеграфи“.

Ова 17-годишна девојка од Косово се запознала со дечко од Северна Македонија, кој заминала во Сирија. Тој успеал да ја убеди својата идна жена, иако таа имала само 14 години.

Од неговите ветувања и од тоа што прочитала на интернет, таа се убедила дека Сирија нуди подобар живот. Во ноември 2015-та година, заминала во Сирија од приштинскиот аеродром преку Истанбул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот