Косовари фатени на дело како шверцуваат мигранти

Мигранти / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Велешката полиција ги привела Д.П.(45) и Е.Б.(30), двајцата од Косово, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти”.

На 24 овој месец на магистралниот пат Велес-Штип, кај клучка „Штипска петља”, од патничко возило „мерцедес”, со косовски национални ознаки излегле лица – мигранти, по што возилото се упатило кон влезот на Велес, а по него се движело патничко возило „бмв х5″, со косовски национални ознаки.

По  преземени мерки кај крстосницата „Башино село”, полициски службеници го сопреле возилото „бмв х5″, управувано од Д.П., во кое биле пронајдени седум лица-мигранти од Пакистан. Исто така, било пронајдено и возилото „мерцедес”, кое било управувано од E.Б. од Косово.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, по чија насока косовските државјани биле задржани во СВР Велес, возилата биле одземени, а мигрантите биле сместени во Прифатниот центар за странци. Денеска, по брза постапка, косовските државјани ќе бидат спроведени до ОЈО ГОКК и Основен суд Скопје-1 во Скопје и ќе им бидат поднесени соодветни пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот