Коснет се сретна со Курти и Мустафа, бара што побрзо формирање на влада

Фото: Принтскрин

Коснет се сретна со лидерот на партијата Иса Мустафа, и со потпретседателите Агим Велиу и Вјоса Османи.

Претседателот на Самоопределување, Албин Курти, денеска се сретна со американскиот амбасадор во Приштина, Филип Коснет.

Како што дознава КТВ, во оваа средба Коснет побара од Курти што побрзо да се формира владата.

На средбата присутен бил и новиот претседател на косовоското собрание, Глаук Конјуфца.

Претходно, Коснет одржа средба и со претставници на Демократскиот сојуз на Косово.

Коснет се сретна со лидерот на партијата Иса Мустафа, и со потпретседателите Агим Велиу и Вјоса Османи. На средбата се зборувало за последните случувања на Косово, односно за можноста за постигнување на договор помеѓу Демократскиот сојуз на Косово и Самоопределување.

Инаку во текот на денешниот ден, претседателот на Косово, Хашим Тачи, упати уште една покана до лидерот на Самоопределување, Албин Курти, да дојде и да го земе мандатот за формирање на владата. Претходните два пати Курти ја одби таквата покана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот