Коснет побара политичките лидери во Косово што побрзо да формираат влада

После средбата претседателот на ЛДК, Иса Мустафа, кратко изјави дека решението за формирање на владата во Косово, го дава Движењето Самоопределување, а не тие.

Амбасадорот на САД во Приштина, Филип Коснет, денеска се сретна со претседателот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Иса Мустафа, и со потпретседателите, Агим Велиу, Лутфи Азири и Вјоса Османи.

После средбата претседателот на ЛДК, Иса Мустафа, кратко изјави дека решението за формирање на владата во Косово, го дава Движењето Самоопределување, а не тие.

После средбата од Демократскиот сојуз на Косово испратија соопштение во кое се вели, дека американскиот амбасадор побарал од партиите да се формира влада.

– Претседателот Мустафа го извести амбасадорот Коснет за текот на досегашните преговори со Движењето Самоопределување за постигнување договор за владеење. Амбасадорот Коснет ги повика политичките водачи да формираат нова влада која што побрзо ќе ги исполни очекувањата на гласачите-, се вели во соопштението на ЛДК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот