Коснет: Курти знае дека не е гласан да биде премиер на Северна Албанија или на Голема Албанија

Ние продолжуваме да повикуваме да се тргне таксата додека ја повикуваме Србија да престане со кампањата против независноста на Косово. Ние сакаме двете влади да се натпреваруваат во создавањето на подобри услови и подобрување на односите. Ова го изјави амбасадорот на САД во Косово, Филип Коснет во интервју за Kossev.

Според него САД и Европската Унија остануваат посветени во поддршката за дијалогот и наоѓање на долгорочно решение помеѓу двете земји. Коснет вели дека очекува страните што побрзо да се вратат на преговарачката маса и на конструктивен начин да го решат прашањето за дијалогот.

-Ова не значи дека разговорите ќе бидат лесни, има видливи причини за ова. Нивото на доверба помеѓу двете страни е ниска и тоа го знаеме сите, но јас верувам дека новата влада во Косово ќе го продолжи процесот- истакна Коснет.

Тој исто така зборуваше и за идејата за размена на територии.

-Ова би било страшен чекор наназад- додавајќи дека ова е поминато. Тој исто така додаде дека новата влада на Косово треба да седне во преговарачката маса за мини-шенгенот, бидејќи економскиот развој на Косово значително зависи од подобрување на меѓусоседските односи.

Коснет констатира дека владата меѓу Сомоопределување и Демократската Лига на Косово ќе се формира.

-Јас исто така се надевам, како и граѓаните на Косово дека ќе се формира таква влада и што поскоро да почне со работа- изјави тој.

Амбасадорот Коснет исто така зборуваше за односот на кандидатот за премиер Албин Курти со Српската Листа. Тој вели дека Курти знае дека Српската Листа е политичка реалност која не може да се игнорира.

-Тој треба да се сретне со сите заедници, не само со политичките лидери, туку и со граѓаните за да ги слушне нивните маки- рече Коснет, додавајќи дека улогата на Српската Листа не може да се игнорира.

Коснет прашан за Албин Курти, рече дека тој не е гласан да биде премиер на Голема Албанија.

-Не е тајна дека тој има силни чуства за албанскиот идентитет. Тој е многу горд за тоа, но мислам дека Албин Курти цели да биде премиер на Косово, тој знае дека не беше гласан за премиер на Северна Албанија или Голема Албанија. Кога ќе ја преземе должноста, треба да им каже на луѓето за неговите намери- истакна Коснет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот