Коснет: Американските војници не загинаа за да се создаде Голема Србија и Голема Албанија

Амбасадорот на САД во Косово, Филип Коснет порача дека „американските војници не се бореле – а некои од нив и загинале – за да се создаде Голема Србија и Голема Албанија на Балканот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Изјавата на Коснет во интервју за приштинскиот портал „Газета Блиц” уследи по најавата на лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК) и кандидат на таа партија за претседател на државата, Рамуш Харадинај, дека ќе организира референдум за обединување со Албанија доколку Европската Унија не го смени односот кон Косово, пред се кога е во прашање либерализацијата на визниот режим за косовските граѓани.

Американскиот амбасадор вели дека би му било „криво доколку Косовците се откажат од државноста на Косово”.

– Мојот коментар за обединувањето (на Косово) со Албанија останува непроменет. Американските војници не се бореле – а некои од нив и загинале – за да се создаде Голема Србија и Голема Албанија на Балканот. Би го насочил вниманието на Уставот, кој повикува на мултиетничко општество со верски слободи за сите… Мислам дека Косово има корист од тоа што е мултиетничко и мултиконфесионално општество и разговорите за Голема Албанија, разговорите за Голема Србија на Балканот би претставувале предавање, би претставувале пораз и сметам дека тоа не е одговорот за проблемите на земјата и на регионот, порача Коснет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот